Новинар на Сител се степа со обезбедувањето на крстот

Новинарот на Сител Александар Спасовски се степа со обезбедувањето на светиот крст, откако беше изваден од Вардар.

Познато е дека многупати се случувало и самите скокачи да се испотепаат кој ќе го грабне крстот, па обезбедувањето реагирало во стилот што е сигурно-сигурно е. Не знаеме дали тие во Спасовски кој сакал да земе изјава од среќниот пронаѓоач на крстот не препознале дека станува збор за новинар, но во секој случај случката беше забележана во директниот пренос на МТВ, а ја објави порталот Либертас.

Покрај вообичаените скромни награди, фаќачот на крстот е богато наградуван од спонзори, но и и од граѓани кои ќе бидат посетени во своите домови со светиот крст.

Бобан Павловски од Охрид го фати Светиот крст во реката Вардар што денеска напладне од мостот кај „Холидеј ин“ го положи архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

АКО.мк