Новинар од Албанија физички нападнат на политичка дебата во Струга

На 21.01.2017 година во 19,30 часот во Полициската станица Струга, А.Б.(29) од Поградец–Р.Албанија пријавил физички напад од страна на И.Љ. и уште неколку непознати лица. Имено, А.Б. по претходна покана како новинар присуствувал во хотел во Струга на дебата организирана од страна на политичка партија, но во текот  на дебатата бил физички нападнат. Лекарска помош му била пружена во Здравствениот дом во Струга.  И.Љ. е повикан во полициска станица, со него е извршен разговор и ќе биде поднесен соодветен поднесок. Се работи на идентификација на останатите учесници во нападот,соопшти МВР.