Новиот автопат од Белград до Бугарија долг 87 км целосно завршен и пуштен во употреба

Последната автопатска делница во должина од 22 километри, која го поврзува источниот коридор од Белград до границата со Бугарија, денска е пуштена во употреба.

На свеченоста по овој повод ќе присуствува државниот врв на Србија, како и бугарскиот премиер Бојко Борисов.

По автопатскиот коридор кој поминува низ Србија и ги поврзува земјите од ЕУ со Грција преку Македонија, соседна Србија ја заврши и источната делница значајна за поврзувањето со азискиот дел.

Источниот крак од коридорот 10 од Белград до границата со Србија е долг 87 километри.

Новиот автопат ја заобиколува Сичевачката клисура, позната по тешки сообраќајни несреќи.

На источниот коридор 10 кон Бугарија се изградени 87 мостови, пет тунели , а се потрошени 780.000 тони асфалт.