Новиот Главен државен ревизор бил предмет на истрага за судир на интереси од Антикорупциска комисија

По двегодишна ,,обезглавеност“ на Државниот завод за ревизија, членовите на Комсија за избори и именувања на предлог на претседателот на комисијата, Илија Димовски едногласно прифатиле Максим Ацевски од Велес да биде предложен за главен државен ревизор.

Илија Димовски посочи дека нејзините членови дошле до општо прифатливо решение – економистот од Велес, Ацевски да му биде предложен на Собранието за Главен државен ревизор.

НО…

Државната комисија за спречување на корупција,пред неколку месеци водеше постапка за Ацевски кој во времето кога работел во ДЗР, од една страна, правел ревизии во државни институции, а потоа приватно спроведувал обуки за вработените во истите тие институции преку Здружението на финансиски работници од Велес.

Емисијата 360 степени на АлсатМ, неодамна пишуваше за постапката што Антикорупциска ја водеше за Ацевски.

,, На 4 април 2019 година против Максим Ацевски и уште еден државен ревизор била поднесена претставка за судир на интереси до ДКСК. На 1 ноември 2019 година Комисијата донела одлука да ја запре постапката, но образложението фрла сериозна дамка врз професионалниот имиџ на Ацевски.

дел од одлуката на ДКСК по претставката за Максим Ацевски.

Во претставката до ДКСК се тврдело дека Ацевски, освен што бил државен ревизор, бил и основач и во одреден период и овластено лице на Здружението на финансиските работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија од Велес.

„Со цел проверка на основаноста на наводите во пријавата, ДКСК изврши увид во историјатот од Централниот регистар, од каде што констатира дека лицето… е основач на Здружението за финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија… дека со текот на времето бил и во раководните структури и дека како овластен државен ревизор реализирал обуки за вработените во јавниот сектор“,се вели во одлуката на ДКСК од 1.11.2019 година.

Според ДКСК, проблемот во целата ситуација е токму тоа што Ацевски како државен ревизор, од една страна, правел ревизии во државни институции, а потоа приватно спроведувал обуки за вработените во истите тие институции преку Здружението на финансиски работници од Велес.

„ДКСК при увидот во доставената документација утврди дека лицето… како овластен ревизор, во рамките на своите службени овластувања како овластен државен ревизор од Државниот завод за ревизија во повеќе јавни институции, буџетски корисници, вршел надзор на нивното материјално и финансиско работење и во исто време, преку здружението, во долг временски период – од неговото основање (што е видно од историјатот на Централен регистар на РСМ од 2006 година како овластено лице, сè до 2019 година) спроведувал обуки на вработените во тие институции, што е видно од документите што се добиени – листи на учесници на обуките што ги спроведувал именуваниот, со што бил во состојба на судир на интереси“се вели во одлуката на ДКСК од 1.11.2019 година.

Иако ДКСК утврдува судир на интереси кај Ацевски, на крај ја запира постапката од едноставна причина што овој државен ревизор во меѓувреме се префрла на работа во друга институција“- .се вели во истражувањето што го направија новинарите на 360 степени.

Сепак, на крај, пратениците во комисијата за избори и именување, решиле да го вратат на голема врата Ацевски во ДЗР и тоа како Главен државен ревизор.

Обрзложувајќи го својот предлог, Димовски нагласи дека нема сомнеж дека сите 12 кандидати би биле добар избор, но сепак членовите постигнале согласност за Ацевски.

Истакна дека е потребно да се комлетира оваа институција пред изборите, со цел да може да си ги врши своите законски и уставни надлежности.

Ацевски е дипломиран економист од Велес. Во Државниот завод за ревизија е од 2001 година до неодамна, а сега повторно се враќа таму.

Кон крајот на 2017 година истече мандатоткако Главен државен ревизор на Тања Таневска, а во изминатите неполни години со ДЗР раководеше заменикот на главниот државен ревизор, Насер Адеми, но неговиот мандат во траење од 9 години, истече на 4 октомври, без да биде назначен овластен потписник. Фунционирањето на институцијата беше доведено во прашање, поради што неодамна вработените одржаа прес конференција и побараа да се именува нов Главен државен ревизор.

АКО.мк-редакција