Новиот градоначалник на Бања Лука има само 27 години и храброст да му се спротистави на владетелот Милорад Додик

Новиот градоначалник на Бања Лука, Драган(Драшко) Станивуковиќ денеска со букет свежи ружи дојде на плоштадот во главниот град на Република Српска за да се поздрави со насобраните граѓани.

Драшко Станивуковиќ е роден на 21 мај во 1993 година во Бања Лука.

Тој на последните локални избори победи во битката за градоначалник и го предизвика бесот на Милорад Додик, кој неприкосновено владее со овој ентитет речиси 30 години.

Станивуковиќ претходно беше пратеник, а пред тоа советник во градското собрание.

Со политика почнал да се занимава на свои 18 години.

Жестоко се спротистави на актуелната власт и политиките предводени од Додик, а посебно се истакна со отпорот по убиството на 21 годишниот Давид Драгичевиќ, поради обидот на владејачката гарнитура да го сокрие убиството и да го прогласи за несреќен случај.

Беше апсен, тепан и влечен од полицијата на плоштадот во Бања Лука, но не се откажуваше.

Сега е градоначалник и омилен политичар мееѓу бањалучани.