Киријакос Мицотакис и официјално ја презеде премиерска должност откако во 13 часот по грчко време, положи свечена заклетва во претседателската палата , пред претседателот на Република Грција, Прокопис Павлопулос.

Мицотакис положи свечена заклетва во присуство на Архиепископот Атински и цела Грција Иероним. Откако го стави својот потпис во службената книга, ги доби првите честитки од неговата сопруга Марева Грабовски и три деца, Софија, Дафне и Константинос.

Составот на владата на Нова демократија (НД) ќе биде објавен од новоименуваниот владиниот портпарол Стелиос Петсиас вечерва во 19 часот.

Киријакос Мицотакис победи со неговата Нова демократија на предвремените парламентарни избори во неделата, освојувајќи 39,85 проценти од гласовите.