Новиот комесар за проширување најавува пристапни преговори со Македонија и Албанија на пролет

Комесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји( Oliver Varhelyi), изјави дека пристапните преговори со Македонија и со Албанија треба да бидат отворени на пролет 2020 година.

Тој објави дека пред состанокот на Советот на ЕУ во Брисел, шефовите на дипломатиите се состанале со македонскиот и со албанскиот министер за надворешни работи и дека дебатата била многу охрабрувачка.

Според него, постојат големи шанси на пролет да биде исправена неправдата нанесена оваа есен, кога Франција не дозволи отворање на преговорите со двете земји.

За новата метологија на преговори и за датумот за преговори за Македонија и Албанија ќе се одлучува за неколку месеци.