Првиот настан и првата средба на новиот министер за култура, Асаф Адеми, беа Симпозиумот за менаџмент во уметноста и американскиот амбасадор, Џес Бејли.
Предружуван од својот советник, актерот Висар Вишка, кој дојде заедно со него во пакет, Асафи имаше свое обраќање на симпозиумот.
Симпозиумот го отворија амбасадорот на САД во Република Македонија Џес Бејли и министерот за култура Асаф Адеми.
Амбасадорот Бејли го поздрави првото официјално обраќање на новиот министер за култура Адеми, и го поздрави Симпозиумот искажувајќи уверување дека овие два дена ќе придонесат за размена на искуства за унапредување на културата во Македонија. Тој зборуваше за важноста на културата, за тешкотиите и предизвиците, за креативноста и економската одржливост во оваа сфера, пишува во известувањето на македонски на официјалниот портал на Министерство за култура.
Истото соопштение е објавено и на албански јазик..
Министерот за култура Асаф Адеми во обраќањето рекол дека процесите кои се тема на Симпозиумот ќе ги зајакнат капацитетите на овдешните мрежа на менаџирање во културата и ќе помогнат за следење на светските трендови во сферата на организацијата и на финансирањето на програмите од културата.
Главни предавачи на Симпозиумот се гостите од САД Авива Розентал – заменик директор од Канцеларијата за меѓународна соработка при музејот Смитсониан во Вашингтон, Филип Хорн – поранешен извршен директор на Советот за уметност од Пенсилванија и Ален Наус – актер и некогашен директор на Театарот на Уметниците во Портланд, Орегон.