Ракометната федерација на Македонија денеска го одржа редовното собрание, федерацијата работи со финасиска позитива .

Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов изјави дека се спроведени сите планирани работи, неуспех се резултатите од натпреварите со Грција и Исланд.

Мукаетов говореше и за изборот на следниот селектор, тој мора да биде посветен единствено на Македонија и да нема клупски обврски.

„Еден од следните предизвици е назначување на нов селектор на сениорската репрезентација. Јас ќе инсистирам идниот селектор на А-тимот да биде професионалец, кој ќе работи само во федерацијата. Мора да го назначиме што побргу, бидејќи во април нè очекуваат квалификации за Европско првенство“ потенцираше Мукаетов.

Фото: gol.mk