Новите претседатели на Врховен и Кривичен суд ќе се знаат по Нова година

По денешното вонредно оценување на кандидатите за претседатели на Врховниот суд и на Основен суд Скопје 1, на кандидатите во затворено плико им се доставени оцените , за кои тие имаат право на жалба од осум дена.

За Врховен суд се оценуваа Лидија Неделкова, Јово Вангеловски, Беса Адеми и Снежана Бајлозова, а за Кривичен Иван Џолев и Владимир Панчевски.Бајлозова ја извршува функцијата в.д Претседател на Врховен суд, а на Кривичен Татјана Михајлова.

Во изминатиов период судиите меѓу себе си поднесуваа кривични пријави и преставки.

Тоа, според претседателот на Судски совет Караџовски, немало влијание при оценувањето, ниту би имало влијание при евентуален избор.

-Во секој случај секој судија си го гради и си го брани својот интегритет. Моралниот лик на секој од нив е перцепција и на јавноста, но и за советот кој гради став за секој кандидат-изјави Караџовски.