Нови лица ќе трчаат за ДУИ

Освен лидерот на ДУИ кој ќе биде носител на пратеничка листа во ИЕ 6 и Артан Груби во ИЕ 1, другите носители на листите во ИЕ се за јавноста релативно непознати.

Генералниот совет на ДУИ ги утврди кандидатските листи за предвремените парламентарни избори, информираат од партијата.Тие едногласно одлучиле лидерот на ДУИ, Али Ахмети да биде носител во шестата изборна единица. Артан Груби ќе ја предводи листата во ИЕ 1, Ејуп Халими во ИЕ 2, во третата изборна единица, носител ќе биде Енафи Дурмиши, во четвртата, Артин Спахиу, а во 5 ИЕ прв на листата е Агим Шаќири. Џевдет Спахиу ќе ја предводи листата во седмата изборна единица, односно дијаспората.

Како носители на листи ги нема поранешните ударни песници на ДУИ, Ермира Мехмети, Рафис Алити, Муса Џафери и други.