Нови обиди за изборни списоци во администрацијата

Вработени во администрација на Дополнителниот заменик министер за информатичко општество Александар Кирацовски му доставиле список кој кружел низ администрацијата со 2000 имиња врз кои нивните шефови им вршеле притисок на различен начин.

На прес конференција тој рече дека вработените масовно доставуваат конкретни документи со информации – кој, на каков начин се обидува да врши злоупотреби или да им прави притисоци.

Ова е еден од документите што ми е доставен-рече Кирацовски.

Список во кој има околу 2 илјади граѓани, на кои раководители и шефови – кадри на ВМРО-ДПМНЕ, имале намера да им ѕвонат и да бараат од нив да излезат на протести и контра протести и на избори како нивни сигурни гласачи.

Тука има конкретни имиња, презимиња, адреси, избирачки места, телефонски броеви на луѓето. Но тука ги има и податоците на оние кои ги правеле овие списоци и се обидувале да влијаат.

Им порачувам на шефовите и раководителите кадри на ВМРО-ДПМНЕ, што Груевски и фамилијата ги користат за нивни лични цели:

Не дозволувајте да станете инструмент во рацете на криминалната власт!

Предупредувам, законот е јасен и казните за вакво дело, уцени и притисоци во предизборен период се до 5 години затвор.

Секој кој ќе се дрзне да го направи тоа, ќе одговара!-порача Кирацовски.