ПСЖ има нови проблеми пред натпреварот со Јунајтед, Кавани се повреди и тој не е во комбинација за еден од клучните натпревари сезонава кај шампионот од Франција.

Кавани го постигна единствениот гол против Бордо во 23 коло од француското првенство, тој погоди од пенал а потоа се повреди. Покрај Кавани за мечот со Јунајтед во вторник тренерот на „светците“ Тухел, не може да смета и на Нејмар и Верати.

„Секако дека имам резервен план за секој меч, така ќе биде и против Јунајтед, сега за жал без Кавани, Нејмар и Верати наместо план Б ќе подготвувам план Д – изјави Тухел.

Натпреварот меѓу Манчестер Јунајтед и ПСЖ на програмата ќе одигра во вторник од 21 часот.