Тукушто родено бебе во Велика Британија е најмладиот жител на планетата Земја кој е заразен од корона вирус. Неговата мајка е во исклучително тешка сосотојба, јавија утрината британските медиуми меѓу кои и telegraph.co.uk.

Бремената жена била донесена во болница во Лондон со тешко запаление на белите дробови, каде се породила. Веднаш е направен тест за коронавирус и двата биле позитивни.

Докторите не знаат дали бебето се заразило додека било во утробата на мајката или откако е родено.

Во Велика Британија бројот на заразени порасна само за еден ден за повеќе од 200. Моментално има 800 пациенти заболени од КОВИД 19, а досега починале 11.

Еве што зборуваше премиерот Џонсон пред два дена.

Главниот научен советник на на Владата на Велика Британија предизвика контроверзи во петокот, кога рече дека околу 40 милиони луѓе во Велика Британија може треба да го фатат коронавирусот за да изградат „имунитет на стадото“ и да спречат враќање на болеста во иднина.

Бранејќи ја одлуката на премиерот Борис Џонсон да не ги следи другите европски земји со затворање училишта и забрана за масовни собири, Патрик Валанс рече дека целта на владата е „да го намали врвот на епидемијата, да го урне и да ја прошири заштитата“, додека ги заштитува старите и ранливите .

За „Скај њуз“ Валанс рече дека експертите проценуваат дека околу 60% од 66 милиони жители на Велика Британија ќе мора да заболат од коронавирус за општеството да изгради имунитет.

„Заедниците ќе станат имуни на тоа и ќе бидат важен дел од контролирањето на овој вирус на подолг рок“, рече тој.

Во друго интервју за Би-Би-Си, Сер Патрик рече: „Ако потиснете нешто многу, многу силно, кога ќе ги ослободите тие мерки, се враќа назад како бумеранг и се враќа во погрешно време“.

Тој додаде: „Нашата цел е да се обидеме да го намалиме врвот, да го прошириме врвот, да не го потиснеме целосно; исто така, затоа што огромното мнозинство луѓе имаат лесна форма на болест, па тие треба да градат некаков имунитет на стадо, така што повеќе луѓе ќе станат имуни на оваа болест и со тоа го намалуваме преносот, во исто време ги заштитуваме оние кои се најранливи на тоа “-рече тој, што наиде на бројни критики во Велика Британија.