ново ВИДЕО: Бројно локално население помага и со раце се обидува да го помести автобусот

Новинската агенција Ruptly, објави видео материјал на кој се гледа како се одвивале првите минути на помош на настраданите патници од автобусот на Дурмо турс од Гостивар. Многубројни се граѓаните, локално населени, жители на Ласкарци и околните населени места, но и на оние што случајно се нашле на автопатот за време на несреќата, кои несебично помагаат да се спасат преживеаните.

Видеото е преземено од Ruptly , новинска агенција специјализирана за видео материјали, со седиште во Берлин, Германија. Агенцијата припаѓа на руската РТ, телевизиска мрежа за вести