Ново издание на ,,Везилка 2011“: 1001 АФОРИЗАМ ОД ЉУПЧО СИЛЈАНОВСКИ

,,Патокази во пустина” која содржи 1001 афоризам е најновата книга на македонскиот писател Љупчо Силјановски што ја објави издаваштвото ,,Везилка 2011”. Во предговорот на изданието, самиот автор објаснува како почнал да пишува афиризми, за на крајот, објаснувајќи го поднасловот на книгата, да додаде дека од илјада-и-еден ,,афоризам” што ви ги нудам, останува во надеж дека барем еден од нив e духовит и ве насмеал.

Во врска со патоказите во насловот Силјановски заклучува и прашува: ,,во младоста бев фасциниран од поезијата, посебно од француските симбоилисти, најпосебно од Бодлер. Никогаш не ги заборавив неговите стихови од збирката ,,Сплин” – ,,Во пустината на духот оаза на очајот. Веќе погодувате каде целам со овие патокази?” 
  Љупчо Силјановски е познат наш поет,раскажувач, драматург, тв-автор, сатиричар. Автор е на три романа, две книги раскази и две драми, како и на поетските книги ,,Јагула”, ,,Зимски обед”, ,,Церебрална спална”, ,,Лична карта” и др. Објавил и десетина книги за деца и младинци.