Ново убиство на Афроамериканец во САД

Американската полиција вчера уби уште еден Афроамериканец за време на полициска рација во Вашингтон.

При полициска проверка на едно возило на периферијата, откако добиле информација дека во него се наоѓаат вооружени лица, полициската патрола побарала да излезат од него, но тогаш неколку млади момчиња почнале да бегаат, информираше полицијата.

Меѓу нив бил и 18 годишниот Дајон Кеј, кој наводно се заканувал со пиштол, по што еден полицаец пукал во него и го убил.

Овој нов инцидент доаѓа во време на протести низ Америка иницирани поради расна нетрпеливост и полициска бруталност.