Нов Зеланд гласаше за легализација на евтаназијата

Граѓаните на Нов Зеланд на референдум поддржаа легалицизација на евтаназијата, но предложените измени на законот за легализација на канабисот најверојатно не се поддржани, покажуваат прелиминарните резултати од двата референдума спроведени овој месец.

Иако сѐ уште не се избројани гласовите на дијаспората, извесно е дека легализацијата на така нареченото ,,убиство од милосрдство“ ќе биде легализирано. Досега пребројаните гласови покажуваат дека над 65 проценти од гласачите се изјасниле за евтаназија.

Меѓутоа легализацијата на рекреативно уживање на марихуана може да не помине, бидејќи без гласовите на дијаспората, против се изјасниле 53 проценти.

Евтаназија претставува постапка со која со помош на лекарства се предизвикува лесна и безболна смрт на болен од неизлечива болест.