Нов мандат за ХДЗ и Андреј Пленковиќ

Хрватската демократска заедница однесе убедлива победа на парламентарните избори во Хрватска.

Според сѐ уште нецелосни и неофицијални резултатит, ХДЗ освои 68 мандати, а до крајот на броење на гласовите можеби и повеќе.

СДП направи многу лош резултат спротивно од очекувањата и предизборните анкети. Освои само 42 мандати и е најголем губитник на овие избори. Претседателот на оваа партија, Давор Бернандиќ, најави дека е можно утре на претседателството на партијата да поднесе оставка.

15 мандати освои Татковинската коалиција на Мирослав Шкоро и 6 до 8 мандати новата коалиција ,,Можеме“.