Нов напад во Лил во Франција, повредени три лица

Најмалку три лица се ранети во напад со огнено оружје во една метро станица во францускиот град Лил. Во пукањето е рането и едно 14 годишно момче кое добило прострелна рана во ногата. Друго лице е погодено во вратот и сите повредени се пренесени со возила на итна медицинска помош.

Полицијата работи на расветлување на овој најнов инцидент и трага по напаѓачот кој побегнал од местото на настанот.