Нов парк за миленичиња во општина Центар

На Светскиот ден на љубов кон миленикот, општина Центар започна со изградба на парк за миленичиња .

Паркот е сместен во рамките на “Паркот на новинарите”, спроти Министерството за образование и наука, и е на површина  од 308 метри квадратни.

За поголема безбедност, просторот ќе биде опколен со ограда висока 2 метра.  

Паркот ќе биде збогатен и со урбана опрема, односно клупи и корпи за отпадоци. Во договор со граѓаните, ќе бидат поставени и реквизити за миленичињата  и ќе овозможи активно дружење со домашните миленици.

Како што посочува  градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, општината  е во постојана комуникација со своите жители, и се грижи за нивните потреби.