Нов претседател на Интерпол е Јужнокореанецот Ким Џонг Jанг

Заврши битката за нов претседател на меѓународната безбедносна организација-Интерпол.

Нов претседател е Ким Џонг Jанг од Јужна Кореја.

Неколку дена во Дубаи, кде се одржуваше годишната конференција, се водеше трескавично лобирање меѓу подржувачите на Џонг Jанг и другиот кандидат, рускиот претставник, Александар Прокопчук, кој е актуелен потпретседател на Интерпол.

Тој , исто така, е близок соработник на претседателот Владимир Путин, па САД порачаа дека нема да прифатат тој да стане претседател на најмоќната светска безбедносна организација и дадоа силна поддршка за јужнокорејскиот претставник.