Нов расказ на Османли ,,Малиот Немо во мундирот на Корто” објавен на италијански јазик

ВО ИТАЛИЈАНСКИОТ ПОРТАЛ „BOMBAGIù “

 

Нов расказ на Томислав Османли за прв пат објавен на италијански јазик

 

Италијанскиот електронски портал “Bombagiù” деновиве го објави првиот дел од расказот „Малиот Немо во мундирот на Корто“ или „Океан од слики“ од Томислав Османли. Се работи за до сега необјавен расказ на македонскиот автор кој, по иницијатива и во превод на Билјана Билјановска, за прв пат се објавува, и тоа на италијански јазик.

„Малиот Немо во мундирот на Корто“ е прозна фантазија за возрасни напишана во вид на фантастична авантура во клучот на книжевноста и на стриповите за деца. Во неа главен јунак е Малиот Немо ликот од ингениозниот стрип на Виндзор МекКеј, изполнет со раскошни визуелни фантазии, инаку создаван некаде на почетоците на Деветтата уметност, како и  Корто Малтезе митскиот морнар и авантурист создаден од авторот Хуго Прат, инаку омилен јунак на поновите генерации проследувачи на стрипови.

Како што потсетува и Билјановска во кусата авторска биографија за Т. Османли, неговиот расказ „Малиот Немо во мундирот на Корто“ е творба на одличен познавач на стрипот. Тој е имено познат и како автор на првата, и се’ уште единствена, македонска теоретска книга за медиумот и уметноста на стрипот („Стрип, запис со човечки лик“, 1987 и 2002) за која стана лауреат на наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за публицистика – е своевидна ода, колку на детската фантазија на читателите на стрипови, уште повеќе на стрипот како медиум кој функционира како очуден – океан од слики и соновни фантазии.

По избор од авторот, објавата на неговата прозе во италијанското електронско списание е проследена со бројни глетки од стриповите за малиот Немо и за Корто и неговите епизодни јунаци Распуќин и вуду-волшебничката Златоустата.

Вториот дел на расказот ќе биде објавен следната седмица.

Ова е, инаку, втора објава на проза од Османли во истото електронско списание, во коешто, инаку, Билјановска на италијанските проследувачи на популарниот портал им приопшти повеќе македонски автори со нивни есеи, прозни и поетски творби. Претходната објава на Османли во електронското списание “Bombagiù” беше тревознта сторијата „Небото на Сукот“ од неговата наградена збирка ракази и новели „Светилка за Ханука“ (2008), чии содржини доживеаа фолем број меѓународни објави, а уредништвото на списанието“Bombagiù” најде за сходно посебно да ја истакне како значајна објава како „Прекрасен расказ кој тера на длабоко размислуввање за настаните од минатото, сегашноста но и за иднината. Настани кои не смеат да се заборават за да можеме да се поправаме…“

https://www.bombagiu.it/il-mondo-fantastico-dei-conti-il-piccolo-nemo-nella-divisa-di-corto-maltese/