Нов рекорд на заразени од корона вирус во светот и во САД

СЗО објави дека во изминатото деноноќие е постигнат нов рекорд на заразени од Ковид 19 на светско ниво.

Регистрирани се 237.743 нови случаи.

Најмногу во САД, па Бразил, Индија и Јужноафриканска Република.

Во САД неколку денови по ред дневната бројка на заразени надминува 70.000 случаи.

77.449 регистрирани случаи во Америка за едноноќие не се доволна причина за конкретна реакција на владата и претседателот.

Откако Доналд Трамп се појави само еднаш со маска на лицето при посета на здравствени работници кои се справуваат со пандемијата, тој вчера пак изјави дека медицинската маска е право на избор.