Нов силен земјотрес во Италија

Земјотрес со јачина од 7,1 степени утрово ја погоди централна Италија. Епицентарот се наоѓа на педесетина километри од Перуџа, а се почувствувал и во  Рим.

Граѓаните на социјалните мрежи поставуваат видеа кои прикажуваат како се тресат нивните домови, лустери, паѓаат предмети.

Тлото на Италија последните месеци постојано се тресе, а последниот разорувачки земјотрес се случи во август кога загинаа 300 луѓе.