Нов суперсоничен авион: Од Лондон до Њујорк за 3 часа

Сер Ричард Бренсон,основач и директор на компанијата Вирџин, го претстави прототипот на новото суперсонично летало, благодарение на кое патниците би можеле да стигнуваат од Лондон до Њујорк само за 3 часа и 15 минути.

Авионот XB-1, кој во меѓувреме го доби прекарот „Бејби бум ќе“ биде најбрзо цивилно летало кое некогаш е произведено. Ќе се движи со брзина од 1.451 милја што ќе биде за 10 проценти побрзо отколку што тоа можеше да го достигнат суперсоничните Конкорд авиони кои веќе се исрфлени од употреба.

Според плановите првиот комерцијален лет треба да биде изведен во 2023 година, а новите авиони ќе бидат помали од сегашните комерцијални и ќе собираат само 40 патници. И билетот ќе биде многу поскап од сегашниот, но со оглед на супербрзината со која ќе се пристигнува, се очекува заштедите да бидат поголеми на повеќе други полиња.

Субсоничното тестирање на леталото ќе се врши на подрачје источно од Денвер во Колорадо,додека суперсоничните тестирања ќе се спроведуваат во близина на воздухопловна база Едвардс во Јужна Калифорнија.