Нов терористички напад во Турција

Седумнаесет лица загинаа , а 27 се повредени во експлозија на автомобил бомба пред полициска станица во југоистoчниот дел на Турција.

Експлозијата се случила кај градот Шемдинли во планинскиот предел на околијата Хакари, блиску до границата со Ирак и Иран, каде што се активни претставниците на Курдска работничка партија.

Приватната новинска агенција Доган наведува дека експлозијата се случила во момент кога полицијата вршела претрес на возила.

Претходно, турската војска соопшти дека нападот го извела забранетата Работничка партија на Курдистан, пренесе Анадолија.