Нож во грб на Студентски пленум

 

„Ова е приватен стан, јас не знам за ова, ќе треба да пријавам. Кој може да регистрира фирма во нашиот стан?“, била реакцијата  што ја добиле утрово претставници на  радиомоф кога го посетиле седиштето на едно од двете новоформирани здруженија именувани како Студентски пленум во скопската населба Кисела вода.

Со чудење и неверување биле пречекани од семејството Василеви, каде според документите од Централен регистар се наоаѓа Здружението за одбрана и заштита на студентските права. Ова Здружение го носи истото име на студентската иницијатива што се покрена пред две години по одлуката да се воведе државен испит.

Студентскиот пленум беше двигателот на големите протести кои подоцна прераснаа во Шарена револуција, а беа поддржувани и од опозицијата.

Сега, последните недели се формираат нови здруженија со истото име Студентски пленум, за да се влијае на перцепцијата за автентичното здружение , но веројатно и да се аплицира понатаму за средства, бидејќи неодмана на Сенат за првпат по подолго барање и инситирање му се одзеде правото со парите од буџетот и студентите да располага единствено Студентскиот параламент, кој последните десет години се претвори во продолжена рака на Владата и на ВМРО ДПМНЕ.

По одлуката на Сенатот, што е во некоја рака историска бидејќи ова е прво спротиставување кон централната власт во ова политичко владеење, во иднина сите здруженија од факултетите на УКИМ ќе м оже да конкурираат со свои проекти за парите што се одвојуваат за студентскиот активизам.