Носителите на листите од СДСМ најавија победа

На централниот митинг на СДСМ и коалицијата во Скопје на невообичаен и непосреден начин беа најавени од лидерот на партијата Зоран Заев носителите на листите во сите 6 ИЕ , а потоа и се обратија пред насобраните граѓани и целата македонска јавност со уверување дека носат победи секој од својата база.

Стево Пендаровски носител на листа во ИЕ 1 рече дека нема дилема дека тука опозицијата ќе однесе голема победа. Тој ги повика сите во овој историски момент да го дадат својт глас против режимот и засекогаш Груевски и неговите да бидат пратени во историјата.

15241252_1823588604562756_3510431286819724512_n

Оливер Спасовски носител на листа во ИЕ 2 рече дека по средбите со граѓаните и во Куманово, Гази Баба, Чаир, Бутел е убеден дека ќе извојуваат убедлива победа.

Љупчо Николовски носител на листа во ИЕ 3 најави дека парите од заедничката каса ќе ги насочат кон граѓаните. Парите ги враќаме на граѓаните-рече Николовски.

Радмила Шеќеринска носител на листа за ИЕ 5 рече дека институциите ги враќаат кај граѓаните, оваа држава припаѓа на сите рече таа.

Петре Шилегов носител на листа во ИЕ 6 покажувајќи ја десната шака рече – погледнете , вака испружени сите прсти се различни, но кога ќе ги стиснам во тупаница, сите се силни ,никој не може заедно да не победи-рече Шилегов.

15230586_1823550661233217_7765916801568002548_n

Лидерот на СДСМ и носител на листа во ИЕ 4 ги повика сите граѓани во Македонија да го дадат гласот за промени и да го искористат овој историски момент.