Ноќеска почнува летното сметање на времето

Ноќта од сабота на премин кон недела започнува летното сметање на времето. Со поместување на часовникот за еден час напред, односно од 2 часот на 3 часот наутро, завршува зимското сметање на времето.

Летното сметање на времето трае се до последната недела во октомври.