Ноќ на долгите ножеви според Валентина Божиновска

Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религозни групи Валентина Божиновска пред донесените протестирачи пред седиштето на ДИК го изјави следното:

-,,Да ги поздравам бранителите, оваа вечер е вечер на ножевите, оваа вечер е вечер или на разумот или на лудилото на еден човек. На последниот македонски предавник Зоран Заев. ВМРО- ДПМНЕ никогаш не бил против албанскиот народ. Не заборавајте дека и за Бајрам и за Бадник доаѓаат и честитаат. Зоран Заев, се дрзнеш ли со ВМРО -ДПМНЕ ќе добиете народ ќе добиете Македонија. Домот ќе ни биде пред ДИК, со шатори…
Ќе се случи еден ден во кој ќе кажеме елате браќа и сестри да се собереме и тргнеме, да видиме кој ќе ни биде цар, а кој шпион. Да знае и Чичаковски и Дума оваа вечер со два куршума ги убиваат и Гоце и Ченто – изјави Валентина Божиновска.

Нејзината алузија на ноќта на долгите е ножеви е застрашувачка и опасна. Иако тие што протестираат веројатно не ја знаат нејзината инспирација за ножевите, ја знаат нивните наредбодавачи.

Ноќта на долгите ножеви (германски: Nacht der langen Messer) или „Операција Колибри“ е операција што се одвивала во Германија од 30 јуни до 2 јули 1934, кога нацистичкиот режим се погрижил најмалку осумдесет и пет луѓе да бидат убиени од политички причини. Повеќето од убиените биле членови на „СА“, нацистичка паравоена организација. Адолф Хитлер тргнал против СА и нејзиниот водач Ернст Рем, бидејќи независноста и растечката моќ на СА, тој ја гледал како закана за неговата моќ. Хитлер исто така сакал да ја осигура поддршката од германската армија и генералите кои се плашеле од СА. Хитлер ја искористил ситуацијата и истата „ноќ“ се погрижил и некои конзервативни критичари на режимот, особено оние лојални на вицеканцеларот Франц фон Папен, да молчат засекогаш.

Најмалку осумдесет и пет луѓе биле убиени за време на чистката, иако се смета дека биле многу повеќе, и тоа неколку стотици и повеќе од илјада непријатели на режимот биле уапсени. СС нацистичка елитна гарда, и тајната полиција, Гестапо, ги извршиле повеќето убиства. Чистката ја зацврстила поддршката од армијата за Адолф Хитлер. Исто така му дала на режимот маска на легалност со тоа што германските судови „дозволиле“ убиства надвор од судниците, наместо традиционалните легални гонења, за да ја покажат својата лојалност кон режимот.

Името „Ноќ на долгите ножеви“ е позајмено и се однесува на масакрот врз луѓето на Вортигерн (Vortigern) од страна на Енгл (Angle), Јут (Jute) и саксонски платеници во еден од митовите за кралот Артур. Самата фраза „Ноќ на долгите ножеви“ на германски го предвидува масакрот и пред да биде поврзана со чистката општо била поврзана со насилство и одмазда.(Wikipedia)

АКО.мк актуелно-објективно