НСДП: Скандалозна одлука на Совет на Европа

Одлуката на Совет на Европа која го изгласа контроверзниот обвинител Јован Илиевски за судија во Судот за човекови права во Стразбуе, е скандалозна, смета партијата НСДП.

,,Одлуката на Парламентарното Собрание на Советот на Европа за судија во Европскиот суд за човекови права од Македонија да биде избран Јован Илиевски, баџанак на „првиот полицаец“ е повеќе од скандалозна ако се знае дека Судот своите темели ги има во Европската конвенција за човековите права која преставува гаранција за граѓанските и политичките права.

Илиевски доаѓа од висока позиција во сфера која во извештајот на Прибе е нотирана како една од „најчувствителните области“ кои се одликуваат со сериозни системски недостатоси – судството и обвинителството, а каде назначувањето, унапредувањето и разрешувањето на судии и обвинители е резерзвирано за оние кои го фаворизиираат политичкиот естаблишмент во Македонија. Политичката инструментализација на судството и обвинитеството е константа во сите извештаи на Европската комисија и Стејд департментот, а Илиевски своето искуство го градел токму во овој систем.

Каков професионален кредибилитет за заштита на човековите права може да има човек пред чиј очи 10 години власта врши политички пресметки со неистомислениците, затвора политички противници, затвора медиуми, новинари, врши сеопшт грабеж, а притоа тој да не препознае, ниту пак да се осмели да покрене ниту една постапка, нешто за што е обврзан со Уставот и законските прописи?

НСДП јавно го изнесува својот сомнеж за тоа дали Советот на Европа со својата одлука во овој чуствителен политички период во кој се наоѓа Македонија, на индиректен начин не испраќа порака до јавноста за какви вредности во Македонија се залага и не застанува на страна на политичка гарнитура која ги погазува темелните демократскики вредности врз основа на кои е формиран и самиот Суд?”-прашуваат од НСДП.