Обама: Ако ме сакате, гласајте за Хилари Клинтон

Една недела пред претседателските избори во САД, предизборната кампања го достигнува врвот, а актуелниот претседател Барак Обама активно настојува да обезбеди поддршка од избирачите за својата политичка колешка, демократскиот кандидат Хилари Клинтон.

Обама е на „првата линија на фронтот“ со Клинтон и во желба својата популарност да ја пренесе на неа, тој својот аргумент се повеќе го сведува на пораката „направете го тоа за мене“.

Тој во вторникот вечерта обраќајќи им се на студентите на универзитетот Капитол во Колумбија, во државата Охајо, им апелираше на бирачите кои него го донесоа на власт да се „трудат за неа онака како што тоа го правеле за него“.