Обвинение против Зоран Марјановиќ за убиство на неговата сопруга Јелена

По две години контроверзи, полнење на медиумите со секакви приказни до банализирање на убиството на српската фолк пејачка Јелена Марјановиќ, обвинителството конечно официјално го обвини нејзиниот сопруг Зоран за тешко убиство , за кое е запретена казна од 10 до 40 години.

Пејачката беше убиен во јуни 2016 година на насип во населбата Борча, блиску Белград, за време на нејзиното утринско трчање.

Отогаш , српските медиуми беа преполни и тоа секојдневно, со написи за оваа трагедија, на која и дадоа доза на сеирџиство и како да се работи за турска серија.

Сега обвинетиот, речиси две години успешно манипулираше и се претставуваше како жртва, а дури и во меѓувреме учествуваше во реално шоу директно пренесувано на телевизија.

Во обвинението, како што пренесува РТС,се наведува дека Зоран ја убил сопругата Јелена на свиреп начин со повеќе удари со тап предмет во главата, а потоа ја потопил во блискиот канал, каде таа починала.