Обвинетиот Груевски го очекува убедлив пораз на избори

Обвинетиот Никола Груевски се уште не може да сфати дека неговото време помина.

Обвинетиот Никола Груевски го очекува убедлив пораз на 11 декември. Наместо да си се лаже себеси со лажни анкети, Груевски нека си ја подготвува одбраната за на суд зашто дојде времето кога ќе одговара за сите криминали и прекршувања на законите што ги направи изминативе 10 години, се вели во реакцијата на опозициската СДСМ по објавената анкета на институтот ,,Павел Шатев за рејтингот на партии.

Во реакцијата понатаму се вели -Граѓаните веќе ја знаат вистината за обвинетиот криминалец Груевски, тие на своја кожа го чувстуваат пустошот кој го остави зад себе со неговите погубни политики.

Помина времето кога Груевски можеше да фалсификува избори и да влече граѓани за уши на гласање.

Граѓаните нестрпливо го чекаат 11 декември за да му покажат на Груевски што мислат за него и за неговите послушници. Тогаш ќе добие одговор и што мислат за богатењето на неговата фамилија и на неговата партија и за целиот грабеж на сметка на граѓаните кои тонат во сиромаштија.

На 11 декември Македонија ќе победи. Не очекува нов почеток, многу работа и поквалитетен живот, стои во соопштението.

Претходно, десничарскиот институт кој ги прави овие анкетин за потребите на ВМРО ДПМНЕ, објави најнова според која доколку сега се одржат избори, за владејачката партиоја би гласале 28,2, а за опозициската 15,7. Според истата анкета, Груевски има поддршка од 28,2, а Заев од 8,8 проценти од анкетираните.

Социјалдемократите пак, утре го одржуваат својот предизборен тематски конгрес, на кој ќе се договара стратегијата за избори и за предизборно коалицирање. Извесно е дека ќе се усвои предлогот да се коалицира со лево ориентирани партии, додека десните партии, како што се Достоинство, ВМРО НП и други, најверојатно ќе се обединат во посебен опозициски фронт.

На конгресот на СДСМ најавено е присуство и на поранешниот лидер на партијата Бранко Црвенковски.