Обвинетиот Мунир Пепиќ падна во несвест во судница

Обвинетиот Мунир Пепиќ падна во безсознание пред исказот на сведокот Курто Дудуш, известува Сител.Според оваа телевизија,  интервенирал итната медицинска помош, а по кратката пауза судијката Кацарска информираше дека расправата ќе прекине , бидејќи Пепиќ мора да го прегледа лекар интернист.

Прв на денешното рочиште сведочеше надлежниот за управување со електронскиот систем за гласање во законодавниот дом, Сашко Коцевски.

Според него,по завршувањето на седницата во 18 часот, од пратениците околу него слушнал како се говори дека не треба да се дозволи гласање ако СДСМ се обиде да избере претседател..Коцевски додаде оти добил наредба од полицаец да го исклучи собранискиот систем за гласање што претходно не било пракса.