Обвинети во судските процеси на СЈО протестираат и бараат правда и слобода за Никола Груевски

На протестот пред судот стотина демонстранти побараа правда и слобода за Никола Груевски.

Меѓу нив беа и  Александар Трајковски, кој е еден од обвинетите за насилството во општина Центар во 2013 година, потоа Јохан Тарчуловски обвинет за насилството во Собрание на 27 април минатата година, пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои Трајко Вељаноски, Зоран Илиоски, Крсто Јовановски и Невенка Стаменковска, како и ексфункционерот Оливер Андонов и Стевчо Јакимовски од ГРОМ,.

Апелираат претседателот Ѓорге Иванов да го прекине, како што велат, прогонот врз експремиерот Никола Груевски и побараа помилување за него.

Груевски треба да се јави во Шуто Оризари на издржување двегодишна казна затвор.