Обвинителите на СЈО се враќаат во своите матични обвинителства

На денешната седница на Совет на јавни обвинители, како што соопшти претседателот, Ацо Колевски, е донесена одлука за обвинителите на СЈО на кои им престана мандатот со загаснувањео на СЈО.

Обвинителите практично се враќаат во своите матични обвинителства од кадешто дојдоа во СЈО.

Тоа значи дека обвинителите Ленче Ристоска, Фатиме Фетаи, Гаврил Бубевски, Трајче Пеливанов и Артан Ајро се враќаат во ОЈО Скопје.

На обвинителката Лиле Стефанова ѝ е констатиран престанок на мандатот во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција во Скопје , бидејќи на 15 мај 2018 годин тој бил истечен. Според тоа , Стефанова се враќа во ОЈО Радовиш од каде таа претходно преминала во ОЈО Скопје.

Обвинителот Бурим Рустеми се враќа во Куманово, Елизабета Јосифовска во Гостивар, Љубомир Лапе во Куманово, Стефчо Донев во Кочани.

Со ова е решено прашањето на иднината на јавниоте обвинители кои последните 4 години работеа во СЈО.

Сега државниот јавен обвинител ќе определи кој од обвинителите кој предмет ќе го води, откако сите беа презмени од СЈО во ОЈО.