Обвинителката Лиле Стефанова 5 часа даваше исказ во Обвинителство за ,,Рекет“ во својство на сведок

Обвинителката Лиле Стефанова, чие име беше спомнувано во разговорите меѓу Бојан Јовановски и Орце Камчев, 5 часа остана во ОЈО каде даде исказ околу нејзините сознанија за Рекет.

Таа рече дека кажала сѐ што знаела и сѐ што ја прашала надлежната обвинителка Ивана Трајчева.

,,Сѐ што можам да споделам со јавноста, кажав во неодамнешното соопштение. Овде сум дојдена како сведок и не можам да кажам ништо друго во овој момент“-рече Стефанова.