Обвинителката Ристоска не живее на ул. ,,Алберт Ајнштајн” и немала средба со Заев

Обвинителката Ленче Ристоска, која  е дел од тимот на Специјално јавно обвинителство, демантира дека вчера(01-02.02.2017) имала средба со лидерот на СДСМ Зоран Заев.

За порталот АКО.мк од службата за односи со јавност ни изјавија дека -обвинителката Ленче Ристоска не живее на улица ,,Алберт Ајнштајн” и немала средба со Зоран Заев, како што пишува порталот Курир, а информацијата ја презедоа и други медиуми.

Во демантот од обвинителката Ленче Ристоска се вели:

„Со оглед на тоа што објавената иформација е невистинита, а јас како засегната страна воопшто не бев прашана пред објавување на информацијата, барам овој демант да биде објавен од сите медиуми кои ја проследија ваквата неточна информација и барам јавно извинување од овие медиуми и портали, со оглед на фактот дека со објавувањето на вакви неточни информации се нанесува штета на мојот углед. Воедно укажувам дека согласно законските прописи објавата на демантот е задолжителна“, стои во демантот на Ристоска.

Курир и други блиски портали и медиуми блиски до ВМРО ДПМНЕ објави текст, видео и фотографии кои наводно докажуваат дека Зоран Заев синоќа бил на гости кај Ристоска, а тие заклучија и дека посетата била за да и даде инструкции како СЈО понатаму да постапува и да го прогонува  раководството на ВМРО ДПМНЕ.

Текстот немаше автор, како всушност и сите други текстови на Курир.

 

Емилија Лазаревска , АКО.мк