Обвинителката Јанева отфрла било каква вмешаност во случајот ,,Рекет“

,, Ниту свесно, ниту несвесно, ниту со сторување, ниту несторување не сум ја злоупотребила должноста што сѐ уште ја извршувам. Ги охрабрувам институциите до крај да ја спроведат целата истрага во случајот ,,Рекет““-изјави обвинителката Катица Јанева по една недела молк од ибивањето на аферата.

,,Од моментот на мојот избор за Специјален јавен обвинител, мојата професионална биогрифија, приватниот живот, семејството, се цел на различни озборувања, напади обиди за мое инволвиранње во дневно-политичко препукување на партии.

Не се жалам. Се нафатив на функцијата во исклучително тешки околности, целосно свесна дека ќе бидам постојано цел на напади за моја лична дискредитација.

Но, повикот да се служи на државата и да се биде на чело на исклучително професионален тим е голема чест и одговорност.

Ја уважувам истрагата на ЈО за случајот Рекет.

Дозволете да се извинам што свесно оставив поголем простор да не излезам со свој став јавност, иако воопшто не ми беше лесно да го следам јавниот линч, но решив дека ниту со еден мој потег нема да влијаам или да се мешам во надлежностите на инстутуциите“-рече Јанева.

,,Да, го познавам лицето Бојан Јовановски и никогаш не сум криела дека мојот син работи во 1ТВ.

Затоа очекувам целосно расчистување на случајот.

За жал, не само тој, туку и други лица го злоупотребувале моето име заради влијание.

Граѓаните и јавноста нека направат разлика што значи свесност за одговорноста што ја носиш.

СЈО е поголемо и позначајно од мојата сегашна функција.

Ова обвинителство е и ќе биде симбол на беспоштедна битка со највисока форма на висока корупција и организиран криминал.

Оставам во наследство десетина подготвени истраги и обвиненија.

Оставам токму тие да покажат зошто некој со сета сила се обидува да ме оцрни мене и сите што работевме на овие случаи“-рече обвинителката Катица Јанева.

Јанева не дозволи прашања.