Обвинителката Јанева ќе го тужи секој што ќе стори штета на обвинителите или на СЈО

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева најави дека  за секоја нерегуларност и повреда на законите во Република Македонија, која ке биде направена на нејзина  и на штета на јавните обвинители и ова Јавно обвинителство, ќе поднесе тужби, претставки и се што е во согласност на законот, до сите институции во Република Македонија.

,,Иако јас како Специјален јавен обвинител, заедно со моите колеги кои се дел од мојот тим, сме овластени тужители кои ги бранат интересите на граѓаните на Република Македонија, сепак одредени институции и индивидуи вработени во институциите тоа не го прифаќаат или сметат дека за нив не важат законите во Република Македонија.

Нашиот пристап секогаш бил и ќе биде професионален, па и покрај нашите обиди да воспоставиме однос на соработка со сите институции и поединци вработени во институциите,  тоа не се случи“, – вели Јанева и најави дека во иднина за се ќе бара или јавен одговор или ќе поднесува тужба.