Обвинителот Јовески ја критикуваше судијката што го ослободи Латас од вина за бесправно градење

,,Видовте што стана со последната одлука во делот на противзаконско градење, како судијата ја толкува таа одредба и мислам дека на такви судии не им е место во правосудството“-коментираше денеска јавниот обвинител Љубомир Јовески на прашање на новинар.

Судскиот совет ќе треба во соодветна постапка да ја испита одлуката на судијата, рече Јовески.

Тој рече дека после одлуката за Латас ја испитал судскта пракса и никаде во законот не се бара нешто од тоа што стои во одлуката на судијката, туку е доволно само некој да почне бесправна градба, рече обвинителот.

Судијката Марија Клетничка Марковска пресуди дека Драган Павловиќ – Латас нема вина во случајот на СЈО, „Тревник“. Судот ги ослободи него и неговите браќа Срѓан и Звездан од обвинението на тимот на Катица Јанева дека граделе викенд куќи во скопско Зелениково без дозвола за градба.

Судот констатираше дека пропустот за градењето без дозвола бил кај институциите кои не делувале на време и не ги стопирале градежните работи кои стартувале во 2011 година. Во образложението на ослободителната пресуда судот посочи дека во 2013 година браќата Павловиќ добиле одобрение да градат и платиле комуналии.