Обвинителство бара притвор за советникот на Курто Дудуш заради примање мито

Надлежен јавен обвинител донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело Примање награда за противзаконито влијание од член 359 од Кривичниот законик.

Осомничениот како вработен во општината Шуто Oризари на 27 јануари во службените простории на општината примил претходно договорена награда во висина од 1000 евра. Наградата осомничениот ја договорил и примил за, искористувајќи го своето влијание, да изврши посредување во вршење на службено дејствие кое не би требало да се изврши. Имено, тој ги побарал средствата за да се донесе Решение за утврдување правен статус на бесправно изграден објект.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител кој постапува во предметот до Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Предлог за определување мерка притвор. Предлогот на обвинителството беше прифатен, па со Решение на осомничениот му е изречен притвор во траење од триесет дена.

Суад Мемеди, советник на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, беше приведен во моментот на примање на парите.

Фото:Архива