Обвинителство ги повика жртвите на Боки 13 и Зоран Милевски да пријават рекет

Лицата се сомничат дека сториле кривично дело Примање награда на незаконит начин, за кое се собрани повеќе вербални и материјални докази, изјави на прес конференција обвинителката Вилма Рускоска.

Од ноември лани, до април годинава, првоосомничениот влијаел преку јавен обвинител да се олесни кривичниот прогон кон одредено лице за кое се водело посттапка.

Од лицето на кое му помогнале во неколку наврати примиле еден и пол милиони евра како поткуп.

За да продолжат да му помагаат било договорено да примат уште 5 милиони евра како награда.

Откако се посомневале дека средбите со него може да бидат компромитирани, веќе не одржувале средби .

Првосоомничениот се сомничи и за перење пари, што значи дека нелегално земените пари ги користел за лични задоволства, одмори, облека и друго.

Инаку денеска беа приведени на информативен разговор Бојан Јовановски, неформален сопственик на 1 ТВ и Зоран Милевски викан Кичевец.

Обвинителството побара притвор за двајцата осомничени.