Обезбедувањето на семејството Трамп ја чини Америка скапо

Американскиот Вашингтон Пост оценува дека буџетот на САД се олеснува секојдневно заради луксузниот начин на живот на семјството на американскиот Претседател Доналд Трамп.

Имено, безбедносните служби ги обезбедуваат 24/7 сите членови од блиското семејство на Трамп, а секое нивно патување подразбира специјални безбедносни мерки и многу пари.

Доналд Трамп и неговата придружба и овој викенд отпатувале на неговиот имот на Флорида, трет по ред.

Вашингтон Пост оценува дека трите викенди го олесниле американскиот буџет за цели десет милиони евра!

Локалната власт на Палм Бич најавила дека ќе бара Сојузната влада од својот буџет да ги подмирува трошоците кои ги предизвикува Трамп кога престојува на својот имот, бидејќи секое негово и движење на неговото семејство, ќерки, синови, нивните семејства, бараат посебни мерки на обезбедување и дополнителни трошоци.

Според проценката на весникот, десетици илјади долари се трошат дневно од локалниот буџет, само за сообраќаен режим во време на престојот на семејството Трамп на нивниот имот на Флорида.

Синовите на Трамп денеска ќе отвораат голф клуб во Арапски Емирати кои се одалечени 8000 километри од САД и со нив ќе оди цела екипа телохранители и сојузни агенти.

Во меѓувреме, само градот Њујорк издвојува дневно 500.000 долари за надгледување на Кулата на Трамп , а на годишно ниво тоа би изнесувало фантастични 183 милиони долари.

Откако стана Претседател, сиот имот  е под посебен безбедносен режим, па може да претпоставите колку ги чини Американците обезбедувањето на Трамп, семејството и нивниот имот.