Обесхрабрувачки пораки од Грција

Се намалува веројатноста за непосреден договор за прашањето за името “Македонија” и разликите што ги имаат Македонија и Грција околу неговата употреба. Грчките медиуми информираат дека извори од владата брифирале дека ,,Скопје се одалечило од претходните предлози, што го прави ова прашање тешко решливо“.

Според неименуван грчки претставник, кој говорел за весникот Катимерини, Скопје не е “подготвено” да склучи договор врз основа на она што беше разговарано од страна на министрите за надворешни работи на двете земји.

Според грчката страна,  по извештаите во четвртокот, кои покажуваат дека претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов,  одби да прифати име “erga omnes” за земјата, намален е оптимизмот на премиерот на земјата, Зоран Заев, дека ќе се најде компромис за повеќедеценискиот соседски проблем.