Обжалени одлуките за парични казни на обвинителките Јанева и Фетаи

Денеска до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесени се жалби против одлуката на Судот со која на Специјалната обвинителка Катица Јанева и на јавната обвинителка Фатиме Фетаи им беа изречени парични казни. Од СЈО ги ставија на увид документите и јавноста може да прочита како изгледал текот на рочиштето од записникот тука и тука.

Сметаме дека одлуката е незаконска, поради што го искористивме правото на жалба – вели Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Примерокот  од доставените жалби до Судот може да се види на следниот линк тука   .

Против судиите Александра Поп Стефанија и Лидија Петровска до Советот за утврдување на факти се поднесени иницијативи – претставки за утврдување нестручно и несовесно вршење на судската функција, се вели во сооштението од СЈО. СЈО ги објави и претставките на линкот тука.

Во оваа прилика сакаме да укажеме и на несоодветната соработка на Здружението на јавните обвинители на Република Македонија со ова Јавно обвинителство. Имено од страна на Здружението на јавни обвинители оневозможено е на Годишното собрание на Здружението да присуствуваат тројца претставници на ова Јавно обвинителство. Така, дописот со кој се известува СЈО за одржување на Собранието е од 13.02.2017 година  и е испратен преку препорачана пратка во пошта на ден 24.02.2017 година во 12:13 часот, иако самата седница на Годишното собрание е закажана токму за 24.02.2017 година со почеток во 12:30 часот-се вели во соопштението на СЈО.