Обид за киднапирање на дедото на Јелена Ѓоковиќ, побарани се 2 милиона евра откуп

Дедото на сопругата на Новак, Јелена Ѓоковиќ, е пронајден врзан во нива со пченка.

Ова за РТС го потврдил претседателот на општина Љиг во Србија, Драган Лазаревиќ и потенцираше дека станува збор за обид за киднаапирање.

М.Р. е пронајден со лисици на рацете, врзан за бетонски столб во нивата. Тој викал и барал помош, по што е забележан од минувач.

,,Тука случајно поминувал директорот на Команалното претпријатие на оваа општина, кога слушнал повици за помош. Веднаш ја контактиравме неговата ќерка, мајката на Јелена, која се наоѓа во Монте Карло, и таа ни рече дека на нејзиниот брат веќе му пристигнале неколку пораки во кои киднаперите бараат два милиона евра откуп“-изјави Лазаревиќ за РТС.

На местото кадешто бил пронајден дедото на Јелан, веднаш пристигнала жандармеријата , а човекот бил во тотален шок.

Од пи-ар тимот на Ѓоковиќ , испратија соопштение во кое се вели дека ,,Милослав, дедото на Јелена, заради ваквата состојба не е  во можност да даде изјава за медиумите, исто како и Новак и Јелена, но се заблагодаруваат на полицијата за брзата реакција. Бидејќи истрагата е во тек, семејството моли за разбирање“-се наведува во соопштението на Пи-ар службата на семејството Ѓоковиќ.