Обид за кражба на новонасадени зимзелени дрвца во ООУ ,,Живко Брајковски“

Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски, објави дека вчера некој се обидел да ги украде тукушто насадените зимзелени дрва.

,,Вчера вечер во училишниот двор на ООУ ,,Живко Брајковски“ имаше обид за крадење на зимзелените новоносадени дрвја.
Несфатливо е кому и зошто му пречеше зеленилото кое е заложба на Општина Бутел за чиста и здрава животна средина за нашите деца.
Апелирам жителите да се однесуваат совесно и да не ги уништуваат јавните зелените површини .
Нашите деца го засужуваат тоа! “-вели градоначалникот.